Дали мислите дека одгледувањето на посебно дете е премногу тешко?

Дозволете ми да ви помогнам да согледате колку радост и среќа посебното родителство може да ви донесе. Да се биде посебен родител е прекрасно искуство

Дозјате повеќе или закажете сесија

Придружете ми се и дознајте повеќе за моите случки, предизвици и лекции кои ги научив

Искористете ја оваа шанса, инвестирајте во вашиот личен развој, разберете ја вашата ситуацијата и искористете го вашиот потенцијал да најдете среќа.

Добродојдовте

Здраво и добродојдовте! Јас сум Маја и работам како коач на родители со посебни деца.
 
Навистина сум среќна и чест ми е што можам да им служам на посебните родители. Ова е мојот повик и цел. Да им помогнам на родителите кои се чувствуваат стресно, кои се оптоварени и заглавени.

Да се биде родител на дете со ментални и/или физички предизвици е напорно и стресно.

Знам кои се вашите најчести помисли:
“Не можам да го правам ова“
“Не можам да верувам дека ова мене ми се случува“
“Зошто мене, зошто моето дете?“
...и уште многу такви мисли...

Овде сте на вистинското место каде ќе откриете дека вашата најголема битка е вашата најголема можност. Животот не ви се случува вам, животот се случува за вас.

Го имав најдобриот учител на светот - мојата ќерка Јоана. Таа беше родена едно прекрасно октомвриско утро пред шест години и нејзиниот живот беше исполнет со физички и ментални предизвици.

На почетокот се чувствував изгубено, очајно, заглавено, безнадежно, тажно, бев шокирана и гневна. Се самосожалував и не сакав да прифатам.

И тогаш го најдов мојот начин на прифаќање, кој ме прави посреќна, оптимист, да чувствувам ентузијазам, благодарност и радост. Ми требаше време да го постигнам ова.

More About Me

Што прекрасните посебни родители и луѓе велат за мене

  • Јас сум посебен родител, исто како и ти! Јас имам посебно дете како што имаш и ти и знам дека тоа има посебен потенцијал. Но, пред да ја запознам Маја, не мислев секогаш така... Бев очајна, тажна, во паника, го обвинував животот за борбата што ми се случува... Маја ми ги отвори очите, ми покажа дека животот може да биде неверојатен. Толку љубезна, полна со љубов, направи да се чувствувам посебно како личност и како мајка. Ако не се чувствувате вака, апсолутно ви препорачувам да и се јавите. Нашите деца ја чувствуваат нашата енергија. Ако сме тажни заради предизвиците со кои се соочуваат, тие го знаат тоа, тие чувствуваат. И не е добро чувството кога мислиш дека твоите родители не се горди на тебе и не се среќни што те имаат!!! Маја ми помогна да се чувствувам поинаку и да ја прифатам ситуацијата и предизвиците со кои се соочувам. Да постојат предизвици, но секој од нас ги има. Не можам да и се заблагодарам доволно на Маја за се што стори за мене! Јас сум една многу среќна мајка на едно прекрасно и среќно девојче!

    Ивона Марчеља Паравиќ од Велика Британија
  • Да се биде родител е најубавото нешто на светот, но, исто така, е и најголемиот предизвик. Да се биде родител на дете со одредена попреченост е дополнителен предизвик. Поголемиот дел од денот е исполнет со страв, прашања, збунетост. Јас бев збунета како родител и имав шанса да работам со Маја. Таа е прекрасна. Ми помогна да ја надминам збунетоста и да дојдам во фаза на јасност. Таа ми ги даде алатките од нејзиното лично искуство, така што сега кога размислувам негативно, се вртам кон своето дете, го погледнувам внимателно и знам дека тоа се обидува да ми каже нешто. Маја ме научи дека тоа се деца со посебни желби, не со посебни потреби. По секој разговор со неа јас се смирував и чувствував како ми се враќа силата. А за родителот силата и чистите мисли се скапоцено нешто. Маја има големо искуство и секогаш ме смирува и ми дава насока како да дојдам до одговорите кои ги барам. Таа ме подучува дека во најпредизвикувачките ситуации со моето дете, можам да најдам начин најпрвин да си помогнам себе си, за потоа да можам да му помогнам на моето дете. И она што е најважно за мене, таа ми помогна да разберам дека без оглед на тоа колку е голем предизвикот, да се има посебно дете е една голема авантура исполнета со љубов.

    Анита Чаушевиќ од Босна

Извадоци од блогот

Да се поврземе

mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian