Добродојдовте на Вашето патување за лична трансформација во Хотел Хеос во Лагониси, на вториот крак на Халкидики.
Тука уште од рано наутро, изгрејсонцето, радоста и општата благосостојба ветуваат нов почеток. Се што вашите очи можат да видат е прекрасно сино море и чисто кристално небо. Хотелот се наоѓа на рид со поглед кој го одзема здивот. Хармоничниот простор кој го нуди хотелот, заедно со местоположбата и градината се совршено место за пронаоѓање на личниот спокој, мир и релаксација. Идеално место за одмор и работење на личната трансформација.
Повелете на првиот ретреат за личен развој на македонски јазик.

Дознајте што е вклучено во програмата и други информации како и условите за сместување на следниот линк.