Maya and her husband (1)

Зошто е важно да патувате сами вие и вашиот партнер? (И да патувате сами)

Да патувате сами вие и вашиот партнер од време на време е баш убаво частење што можете да си го овозможите сами. Ќе го наречам “частење“ или “луксуз“, како да е нешто што може да се случи но не мора. Иако сметам дека е многу потребно.

Кога ќе дојдат децата, животот станува магичен и подобар на толку многу начини. Но на почетокот бевте само вие двајцата, и заедно уживавте една поинаква динамика.

Желбата понекогаш повторно да се чувствувате така не значи дека сакате да се вратите на “немање деца.“ Само значи дека батериите треба да се наполнат. Треба да се потсетите и двајцата дека иако сега децата се тука, заслужувате да си го насочите целото внимание кон вас на неколку дена, за да може да продолжите да давате и да создавате за децата и за целото семејство.

Ова важи за сите родители на светот без разлика дали имаат едно дете или три и дали детето расте со ментални и физички пречки или не

Мојот сопруг и јас сме осум години во брак, а шест од нив сме родители. Како што знаете од нашата приказна, тие шест баш ни беа предизвик. Не само заради состојбата на Јоана, туку и заради промената на земја на живеење, периодот на адаптација итн.

Имавме на ум дека покрај грижата за Јоана и тоа да обезбедиме максимум за неа (материјално, емотивно и медицински), треба исто така да водиме грижа и за себе и навистина да бидеме сами понекогаш, барем на два дена

Откако сме преселени во Германија, бевме сами на викенд во Хаг, Холандија; во Загреб (Брус Липтон), и Винтерберг (ски-резорт во Германија). Исто така отпатувавме во Египет неколку дена, пред две години. Планираме исто така патување во Хрватска во Август, кое не знаеме дали со сигурност ќе се оствари, со оглед на ситуацијата во светот. Се надеваме дека да😊.

Веќе пет години живееме во Германија и просечно патуваме сами 2-3 дена годишно, а само еднаш траеше малку подолго.

Доволно е, а и не би можеле подолго со оглед на сензитивната ситуација со Јоана. Предизвик е да се најде некој што соодветно ќе се грижи за неа додека не сме тука. Тука се лековите што треба да и’ се дадат, посебен начин на хранење, и детално разработено сценарио за итен случај ако дојдат епилептични напади. Баш поради тоа, со сопругот сме организирани и секој од нас да отиде сам некаде на неколку дена.

Одење некаде сам со пријатели на викенд исто така има своја убавина. И може да ви донесе многу бенефит.

Убаво е да се биде малку на страна - вие и вашите пријатели. Смеење и забава секогаш може убаво да ве освежи

Нема потреба да се чувствувате виновно ако ви треба пауза. Вашите одговорности не се само кон вашите деца туку и кон вас лично исто така. Важни се и вашата благосостојба како и одржување на врската со партнерот жива. А и заслужувате да се одморите соодветно.

Откако сте посебен родител, вашите опции за дестинации за одмор станаа ограничени. Треба да изберете место што не е многу далеку и има лесен пристап. Многу услови треба да бидат задоволени за да имате убав и опуштен одмор каков што заслужувате

Кога вие и вашиот партнер одите на патување сами, не е комплицирано да се организирате. Не мора толку често да правите пауза (ако патувате со кола), може да патувате во било кој дел од денот, да изберете обично сместување итн.

Постојат многу предности при патување сами со вашиот партнер, како, бирање на дестинација и посветување на целото време еден на друг. Можете да одите на долги прошетки, да одите на забава, да останете подоцна, да бидете спонтани и не морате да ги испланирате сите оброци за денот однапред. Едноставно е релаксирано и без стрес.

И носи огромни бенефити:

Нови сили се враќате убаво одморени и подготвени за нови предизвици. Нивото на енергија ви е повторно високо

Нови идеи многу е веројатно дека дојдовте до нови идеи откако поминавте некое време во размислување и анализирање како одеа работите до сега и што може да направите повеќе. Што друго можете да импементирате во секојдневието.

Јасност – се’ изгледа полесно откако се одморивте малку. Размислувате појасно.

Чувство на релаксираност и задоволство– а тоа директно ве носи кон убаво расположение.

Кратко патување со само вие и вашиот партнер е добро за врската. Важно е да се одржува искрата. Важно е да ја одржувате конекцијата силна. Да се потсетувате зошто воопшто сакавте да бидете заедно на почетокот. Да разговарате како сега стојат работите помеѓу вас. Да си дадете меѓусебно признание за тоа колку секој од вас придонесува за врската.

И важно е едноставно да се забавувате.

За крај сакам да кажам едно специјално “благодарам“ на двете баби на Јоана, нејзините тетки и чичковци. Без нив, никаде немаше да мрднеме😊.

Додека зборуваме за патувања, се надевам ќе ми пишете коментар за вашата најомилена дестинација

Чувајте се :)

 

Comments

  1. Ivana

    This is a great article, thanks for writing it . My favorite destination is Belgrade♥️

Додај коментар