Maya Stoychevski Special Parents Life Coach

Зошто коучинг за посебни родители?

Прегледувајќи ги прашањата кои ми ги испраќате, наидов на ова: Зошто ми треба коучинг за посебни родители?
Мислам дека ова прашање заслужува цел текст затоа што можеби и други се прашуваат истото. Цело време ќе го користам терминот онака како што го слушнав за прв пат, а не „тренер за личен развој“, зошто ми е полесно и на уво поприродно ми звучи вака.
За почеток, ќе ви раскажам како ангажирање на coach ми помогна мене.

Како коучингот ми помогна како посебен родител?

Maya Stoychevski Special Parents CoachКога требаше да одлучам дали да се пријавам на онлине курс за еден вид посебен вид на маркетинг (affiliate marketing) или да почнам да пишувам книга, најмив coach. Во тоа време бев на добро место, ја имав прифатено состојбата на Јоана и сите предизвици, и решив да инвестирам време во правење и создавање нешто што ќе придонесе за мојот личен раст. Како што Марта Бек кажува во нејзината книга На патот кон вашата Ѕвезда Северница (Finding your north star): “Кога ќе постигнете се‘ што сакате, на тоа место може да останете само ако има простор за иновација и раст.“

Најмив коуч (coach) без да знам што да очекувам. И многу ми се допадна. На пријателите им објаснував дека coaching е како да си подарувам екстра грижа. Како кога ќе одлучите да си дозволите масажа или луксузно спа искуство, ама со coaching-от тоа се однесува на вашиот ум и дух.

Многу резонираше со мене да имам личност покрај себе која е интуитивна, без осуда и без сопствено мислење за работите во мојот живот. Некој на кој му ги кажувам своите цели и каде сум сега. Каде сакам да стигнам и со какви предизвици се носам. И потоа да ми се постават правите прашања кои ќе ме доведат до јасност. Сакав јасност за тоа што треба да правам, и тоа го добив. Едвај чекав да почнам да работам на своите цели. Се чувствував енергична и знаев што сакам.

Цело време бев свесна дека сето ова можам и сама да го постигнам. Можам да продолжам да читам, да гледам видеа, да правам IKIGAI вежби, да размислувам и да се концентрирам на медитација и така да дојдам до одговори. Секој може ова да го постигне сам. Не е невозможно. Само трае подолго време, и ќе биде без енергијата на уште една личност чија страст е да им помага на луѓе да постигнат јасност преку coaching.

И помислив, coaching-от ми помогна да дојдам до идејата да напишам книга и да креирам содржина базирана на мојата приказна за да мотивирам и инспирирам посебни родители кои поминуваат низ тешки времиња. Ми помогна да ми се расчисти моментот дека сум повеќе креативна личност отколку некој што би се занимавал со продажба (а affiliate marketing е токму тоа, продавање работи на интернет).

Помислив, па баш ми се допадна работата со coach. Овие coaching техники може да се искористат на скоро секое животно поле: кариера, односи, фамилијарни ситуации, финансиски предизвици, самодоверба, итн. Се сеќавам ми се вртеше низ глава: секој треба барем одвреме на време да работи со coach. Посакувам јас да имав најмено coach во првите години кога се роди Јоана, да ми помогне да си ја променам перспективата и некои мои ограничени уверувања и да ја видам убавината на животот, и тоа да ми помогнело побрзо да стигнам таму каде што сум сега... тоа беше тоа.

Следната мисла, јасна како сончев ден, ми беше дека сакам да бидам coach за посебни родители. Ќе работам со родителите и ќе им давам алати и методи за постигнување прифаќање, благосостојба, радост, ентузијазам, оптимизам, и како да се чувствуваат добро во нивната ситуација. Знам како и знам дека зборовите не не‘ учат, туку искуството. Моето искуство е огромно, и го делам со љубов и радост.

Maya coaching session

Што е коучинг (coaching)?

По дефиниција, coaching е форма на личен развој во која искусна личност, наречена coach, поддржува клиент во остварување на специфични лични и професионални цели преку тренинг и водство.
Родителски coaching и конкретно – coaching за посебни родители може да ви помогне во самодовербата и да ви донесе мир, прифаќање и благодарност.
Коучот (тренерот за личен развој) не осудува, нема свое мислење за работите што ви се случуваат и не нуди решенија. Но е некој кој ќе ви ги постави вистинските прашања преку кои ќе станете свесни за својот потенцијал.

Што да се очекува од coaching за посебни родители?

Maya working session

Јас сум целосно ориентирана кон родителите и мојата цел е на нив да им помогнам. Нашите деца добиваат доволно внимание од нас, од остатокот од фамилијата, од докторите и цел медицински персонал. Вие сте мојот приоритет. Coaching сесии работам со родители од цел свет, преку Zoom. Јас слушам, а вие зборувате. На нашата прва сесија вие ќе ми кажете зошто барате coaching и што се надевате дека ќе добиете од сесиите. Ќе ви поставам исто и прашања за да ги разберете вашите сегашни предизвици и како точно се чувствувате.

Методите и техниките кои ги употребувам вклучуваат пишување, читање, практикување благодарност, разгледување на проблемите од повеќе перспективи (што е многу моќна алатка за промена на негативните емоции кои ги носите), разни вежби и coaching модели.

Ќе добивате прашања кои кога ќе ги одговорите, ќе добиете јасност за тоа каде точно стоите, што сакате од вашиот живот и како да ги постигнете вашите цели. Кога ги работам овие вежби со своите клиенти, скоро секогаш велат дека сега гледаат нови можности за нив. Не само што целосно постигнуваат мир со својата животна ситуација, туку осознаваат дека сакаат да се насочат кон нови цели, или да напредуваат во кариерата, или да променат професија, или да ги подобрат односите со луѓето околу нив.

Можеби ќе ви предложам кои книги да ги прочитате околу она што сега ви е предизвик или некој документарен филм да погледнете – тоа зависи од вас и колку длабоко сакате да одите. Можно е да ви предложам и некоја дневна рутина за да научите како да бидете присутни во моментот, а не преоптеретени од минатото (кое веќе е завршено), или иднината (нешта кои не се ни случиле, а вие веќе ги преживувате како негативни сценарија, кои некогаш многу болат).

Вака ќе ви кажам: coaching игра голема улога во личен развој и може да биде прв чекор во подобрување на вашиот живот. Кога ќе се посветите на работа на себе, знајте дека тоа е долгорочен процес и ако сакате да ги постигнете посакуваните резултати, мора да инвестирате време и труд.

Вашата среќа и вашиот живот се ваша одговорност. Поништувањето на старите програми и мисловни шаблони кои ве довеле каде што сте сега, не можат да бидат променети преку ноќ.
Иако сите методи и техники кои ги користам можат да се применат генерално на секого, сепак секоја личност е единствена и има специфични нешта кои сака да ги разреши. Тоа значи дека изборот на методите ќе зависи од вас и вашите околности.

Maya Stoychevski

Што можам да направам за вас?

Справување со стрес и фактори кои го предизвикуваат

Мојот фокус сте вие како родители, и ќе работиме заедно на откривање на најдобрите начини за водење грижа за себе и справување со стрес.

Стил на родителство

Најважно е какви зборови и енергија употребувате кога сте околу вашето дете. Не е важно дали тоа разбира зборови или не. Сите тие разбираат енергија многу добро. Животот ми се смени кога одлучив свесно да останам смирена кога Јоана плачеше со саати. Наместо моето вообичаено колабирање во самосожалување и очај, почнав да и шепотам на уво дека и‘ верувам. И дека повеќе нема да пробувам да ја поправам. И и‘ допуштам да биде кој таа сака да биде. И тогаш Јоана се смири. Прочитајте ја Нашата приказна на мојата веб-страница. А добар дел од истата имате и овде.

Справување со транзициски периоди и кризи

Животот е полн со подеми и падови и ништо не останува непроменето засекогаш. Можам да ви помогнам да поминете низ тие периоди како најдобрата верзија на себе. Настаните може да се нижат еден по друг, како на пример – можеби сте ја промениле земјата на живеење (како ние што направивме штом дознавме за состојбата на Јоана), можеби детето е се‘ подобро и подобро, а потоа нова криза доаѓа (како во нашиот случај). Можеби минувате низ развод или сте изгубиле некој што го сакате. Справувањето со сето ова со помош од страна е многу полесно.

Градење на самодоверба

Ако мислите дека не вредите доволно, дека сте направиле премногу грешки, ако паничите дека премногу долго сте чекале за нешто да направите со детето, јас ќе ви покажам 1.000 причини зошто тоа не е вистина. Имате се‘ што е потребно за да бидете добар родител на вашето дете; само треба да верувате во себе.

Баланс помеѓу работа и приватен живот

Колку и да е стресно посебното родителство, и сега се соочувате со многу предизвици, сепак барем едниот родител мора да работи. Coaching може да ви помогнете да пронајдете баланс помеѓу вашата кариера, семејство и социјален живот.

Што мислат моите клиенти за мојата работа?

На мојата веб страница тука може да откриете што моите клиенти мислат за работењето со мене.
Се‘ што сакате можете да постигнете сами. Само зависи колку брзо сакате да одите.

 

Додај коментар